Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

На бојното поле пристигна рускиот дрон со долг дострел Гербера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
77376e49-769f-45c4-9b0b-35c4ec40d190

Пo долги месеци борба со дроновите Шахед, Украина сега се соочува со „помладата сестра на Шахед“, позната како Гербера. Имено, украинските медиуми на почетокот на неделава објавија дека на 24 јули во близина на Киев бил забележан нов, досега невиден дизајн на руски дрон.

Руската воена единица „Сталинови соколи“ објави видео од леталото во неделата и соопшти дека тоа е Гербера, „помладата сестра“ на дронот Геран. Русите ги нарекуваат беспилотни летала Шахед дизајнирани во Иран кои „зујат“ на специфичен начин додека се приближуваат до целта, пишува Newsweek.

— реклама —

Дроновите почнаа да доминираат на украинското бојно поле. Досега Русија најмногу користеше беспилотни летала Шахед, а неодамна премина на домашно производство. Беспилотните летала наводно се произведени во централниот руски регион Татарстан и се дизајнирани да ја избегнуваат украинската воздушна одбрана.

Вчера Украина објави дека ги пресретнала сите 89 беспилотни летала Шахед испукани од Русија во текот на ноќта. Воздухопловните сили соопштија дека тоа е еден од најмасовните напади со беспилотни летала врз Украина.

— реклама —

Андриј Черњак, портпарол на украинската воена разузнавачка агенција (ГУР), претходно овој месец изјави дека Русија почнала да користи нови, евтини дронови со долг дострел, често направени од пластика или иверица.

— реклама —

Андриј Крамаров, резервист во украинските воздухопловни сили, изјави за Newsweek дека камерата на Gerbera може да испрати снимки до руските оператори, каде што Москва може да добие вредни информации за локациите на моќните системи како што се Patriot или NASAMS.

Герберата која војниците наводно ја пронашле во околината на Киев немала поставена боева глава, па украинските медиуми шпекулираат дека можеби станува збор за некаков тест прототип што може да се користи за извидување или како мамка.

— реклама —

Крамаров наведува дека Gerbera е опремена со релативно мала боева глава за да ослободи простор за камерата. Русите можеа се почесто да користат Гербера поради ниската цена и релативно долгиот дострел.

„Тоа е беспилотно летало со многу елегантен изглед кој нема никакви нови технолошки карактеристики, но е рафинирано за евтино масовно производство. Сепак, овој тип на евтини дронови претставува вистинска опасност за Украинците“, изјави експертот за дронови Стив Рајт за Newsweek. .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 1 ден

media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

Руски ракети погодија три моста во Киев, загинаа тројца, а десетици се повредени

Свет | пред 2 дена

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Русија, Кина и Иран бараат гаранции дека САД и Израел нема повторно да ја нападнат иранската нуклеарна инфраструктура

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања