Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

На Чарлс му недостигаат внуците, сака да се смири со Хари и Меган

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
beba-hari

На Принцот Чарлс му недостигаат внуците и тој сака да се смири со својот син Хари и со снаата Меган Маркл. Тој ги повика следниот пат кога ќе дојдат во Велика Британија да останат кај него.

Принцот од Велс има желба времето што му остана да го помине со своите внуци. Тој го нема видено Арчи кога тој имаше само 6 месеци, а внука му Лилибет Дијана, која се роди во јуни, никогаш и не ја запозна.

Сепак, неговата желба можеби нема да се оствари набргу затоа што Хари неодамна рече дека неговото враќање во Британија би можело да претставува ризик за неговото семејство.

Тој рече дека не може да се врати дома откако со одлука од кралското семејтво му беше одземено правото на лична заштита што ја имаат членовите на кралското семејство.

— реклама —

Британските медиуми пренесуваат дека Хари и Меган ќе се обидат да присуствуваат за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата во јуни.

Се претпоставува дека Хари на кралското семејство му ветило дека ќе присуствува на комеморацијата на својот покоен дедо принцот Филип во Вестминстерската опатија, која е планирана за април.

— реклама —

Хари одлучи и да ја тужи британската влада и поднесе барање за судско преиспитување на одлуката за што би можел да се најде и на суд.

Како што тврдат извори блиски до кралското семејство, принцот Чарлс имал неколку видеоповици со Хари, Меган и со нивните деца во последните неколку месеци.

— реклама —

„Принцот од Велс е тажен што нема можност да помине некое време со внуците. Тие му недостигаат многу“, велат изворите.

Тие додаваат дека тој се надева оти Хари ќе ја прифати поканата и дека со Меган и децата ќе дојде да престојува кај него.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања