На денешен ден починал Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20 век

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
tesla-1

Еден од најголемите умови на 20 век, српскиот научник Никола Тесла, починал на денешен ден, на Божик во 1943 год.

— реклама —

Починал во сон во хотелската соба во која ги поминал последните 10 години од својот живот. Веста за смртта на Тесла, била објавена два дена покасно, кога било и пронадено неговото тело. Урната со пепелата од Тесла пренесена е од ЊуЈорк во Белград во 1951 год и сеуште е во неговиот музеј.

Никола Тесла роден бил во Смилјан, Австро-Унгарија, Србин по потекло, подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.

— реклама —

По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник.

Единицата во системот SI за густина на магнетен тек или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле во негова чест е наречена Тесла.

Покрај неговата работа во областа на електромагнетизмот и инженерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теориската физика. Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век"и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет.

Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.

Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД.

Тесла ги пронашол уште и „Зракот на смртта“, Најозлогласениот пронајдок на Никола Тесла постоел само теоретски. Тесла во 1930-те тврдел дека измислил направа со која може да се создаде силен енергетски зрак кој може да се насочи кон непријателските авиони и возила. Т.н. „зрак на смртта“ никогаш не бил конструиран, иако Тесла ги прикажал плановите за уредот на разни воени организации во САД.

Бежична енергија - За време на Светскиот Експо во Чикаго во 1983, Тесла го демонстрирал бежичното пренесување на електрицитет, запалувајќи серија фосфорни светилки во процесот кој тој го нарекол електродинамична индукција. Тесла теоретизирал дека таа технологија би овозможила да се спроведува енергија на голема оддалеченост во атмосферата, снабдувајќи ги далечните краишта со електрицитет.

Машина за земјотрес - Во 1893, Тесла патентирал електричен генератор на парен погон наречен осцилатор. Подоцна Тесла тврдел дека една верзија на осцилаторот е достаточно моќна да предизвикува земјотреси. Подоцна тврдел дека со помош на тој осцилатор предизвикал земјотрес во Њујорк во 1098 година, кој во популарната култура останал запомнет како Теслин земјотрес. Тесла тврдел дека ја уништил машината, а своите помошници ги натерал да се заколнат дека ќе молчат.

Наизменична струја - Најзначајниот пронајдок на Тесла бил моторот и преносниот систем на наизменична струја. Методот на пренос на електрична струја бил демонстриран во 1893 година во Чикаго, со кој се спротивставил на Томас Едисон и неговите бизнис партнери, кои ја поддржувале еднонасочната струја, што предизвикало војна на препукувања помеѓу двајцата пронаоѓачи, во која победил концептот на Никола Тесла, и денес наизменичната струја ги снабдува домовите со енергија.

Далечински управувач - Тесла учествувал и во првите истражувања на радио пренос кои резултирале со пронаоѓањето на првото бродче на далечинско управување, демонстрирано во 1890 година. Со помош на неколку батерии, прекинувачите управувани со радиосигнали управувале со контролите и моторот на бродчето. Со овој свој пронајдок, Тесла ја најавил иднината со роботи кои ќе работат за луѓето.

Х-зраци - Иако германскиот физичар Вилхелм Рентген се смета за пронаоѓач на Х-зраците, наречени според него и рентгенски зраци, Тесла експериментирал со овој концепт отприлика во исто време како и тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања