„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

На Џолев, медиумите му се криви што судиите се коримпирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Ivan-Djolev-1

Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев ги обвини медиумите дека имаат и тие вина за перцепцијата кај граѓаните дека судството е корумпирано, со тоа што постојано пишуваат дека судиите се корумпирани, објави  САКАМДАКАЖАМ.МК.

— реклама —

„Јас сметам дека граѓаните се корумпирани и никој не пишува за тоа. Лично ми приоѓаат да сум им завршел предмет, отворено пројавуваат намера да дадат и бакшиш или мито, не само кај мене, туку и кај други колеги. Јас им велам:’Ај ве молам!’ Сметам дека за тоа се виновни и медиумите, пишувајќи постојано дека судиите се корумпирани. Практично ги хранат граѓаните со такви информации и ги учат дека на тој начин треба да ја добијат правдата пред судот“, ги критикуваше претседателот Џолев медиумите на денешната дебата организирана од Антикорупциската комисија, за корупцијата во судството.

На дебатата и судијата Владимир Туфегџиќ од Основниот кривичен суд кажа дека тежок проблем за судот и особено за судството е што најголемите корупциски предмети кои беа пред пресуда, до еден се вратија на почеток поради пензионирање на поротник. Предложи да се донесат законски измени на тие поротници да им се продолжи мандатот до завршување на судскиот процес од висок јавен интерес, предложи и други решенија и споредби со други земји.

— реклама —

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања