„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

На ЕОИ има повредени спортисти, Литванец се здоби со скршеници, велосипедисти од Исланд се удрени од автомобил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
island1

Фотографија од еден од повредените исландски велосипедисти, кој учествува на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) во Скопје, денеска предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. На неа се гледа младиот спортист со целосно преврзана глава, и скршена рака. Станува збор за млад велосипедист од Литванија кој се повредил во трка.

— реклама —

Но, други двајца велосипедисти од Исланд се удрени од возило додека имале неофицијален тренинг за денешната трка.

„На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

— реклама —

„Срамота за земјата. Дојдоа деца да се натпреваруваат, да сонуваат, а ги однесовме на хирургија“, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.

Голем дел од јавноста го изразува својот гнев и сочувство со младите спортисти и нивните семејства. Корисниците апелираат до властите и организаторите да ја преземат одговорноста и да гарантираат дека ќе се расветли како дојде до ваков безбеден пропуст, особено кога се работи за официјален меѓународен спортски настан.

Инаку, Европскиот младински олимписки фестивал, кој за првпат се одржува во Македонија, требаше да биде симбол на спортски дух, младинска енергија и европска соработка. Наместо тоа, овие сцени го засенија целиот натпреварувачки дух.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања