На кои локации во Македонија „Лидл“ ќе отвори продавници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Lidl_US_store_exterior

Српскиот медиум Б92, пишува дека неофицијално, Лидл ќе ги отвори првите продавници во близина на соседите во 2026 година.

— реклама —

„Малопродажниот синџир Лидл, дел од германската групација Шварц, се подготвува да започне со работа во Македонија. Неофицијално се споменува 2026 година кога македонските клиенти ќе можат да пазаруваат во продавниците на Лидл. Покрај купувањето земјиште за изградба на продавници, на огласите за вработување постојано се бараат лица кои би се вработиле во планираниот логистички центар, најверојатно во Куманово и во продавниците што би се отвориле во повеќе градови низ државата. Деновиве беше најавено дека во Битола ќе започне изградбата на првата продавница на Лидл. Дури беше објавен датумот (3 август) на почетокот на работата на една од двете купени парцели во Битола“.

— реклама —

Според информациите на кои е повикуваат, маркетот Лидл ќе биде лоциран кај кружниот тек „Дулие“, на местото на старата млекарница, под Еврејските гробишта. Според истиот извор, градежните екипи деновиве го исчистиле просторот што бил ограден и поставиле градежна табла на која пишува дека објектот ќе се гради за една година, до 3 август 2024 година.

— реклама —

„European Supermarket Magazine (ESM), со седиште во ирската престолнина Даблин, неодамна објави дека Лидл ќе отвори продавница во туристичкиот центар на Охрид, во близина на новата автобуска станица. Од Лидл во Македонија не сакаа да ја потврдат или демантираат оваа информација. Велат, кога ќе имаат што да споделат со јавноста, тоа ќе се направи. Во меѓувреме се објавуваат огласи за вработување лица за работа. Како што може да се види од огласите објавени деновиве, се нудат плати од 20.922 денари за административни занимања, 39.113 денари за координатори на проекти до 45.517 денари за ИТ поддршка и ИТ експерти. Според неофицијални информации, тие веќе вработиле кадар на клучни позиции, а обуката за нововработените главно се спроведува во продавниците на Лидл во Бугарија, а на некои локации во Хрватска и Германија“ пишува Б92.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања