„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

На крајот на ГЕФ Дримскиот Проект Дримските земји станаа покоординирани и одбележаа почеток на нова фаза на соработката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
drimski

Високи преставници од земјите во Дримскиот Басен заедно со заинтересираните страни ја потврдија нивната посветеност за заедничко одржливо управување и заендички напори за развој. 8-мата Дримска Конференција се одржа онлајн на 9 Јули 2021 и беше организирана во рамките на Дрим Корда процесот и ГЕФ Дримскиот Проект на која се направи осврт на целокупниот процес за сорабока за управувањето со Дримскиот Басен и се дискутираа следните чекори

— реклама —

ГЕФ Дримскиот проект ја поддржа работата со цел да промовира заедничко управување со споделените водни ресурси на прекуграничниот Дримски басен вклучувајќи и развивање на координативни механизми помеѓу различните комитети и комисии на ниво на под басени. Проекотот беше и е главната водилка за поддршка за имплементација на Дримскиот Меморандум од 2011 година и зачетник во креирањето на услови за поблиска соработка помеѓу земјите од Дримскиот басен со цел негово заедничко управување. Операционализацијата на Дрим Кор Групата и нејзиното конституирање како де факто заедничко координативно тело беше еден од најзначајните резултати. Стратешката Акциона програма одобрена на 24 April 2020- која ги вклучува чекорите и активностите за адресирање на главните прекугранични проблеми и Прекуграничната Дијагностичка Анализа се главните документи произлезени од Проектот кои ги формирааат идните насоки на дејствување .

Преставниците на земјите од Дримскиот Басен и од меѓународните организации во регионот ги презентираа низните видувања за сегашната и идна соработка за управување со Дримскиот Басен како и контрибицијата во спроведувањето на Дримскиот проект.

— реклама —

Во обраќањето Г-ѓа Герта Љубоња, генералниот директор на албанската агенција за управување со водни ресурси истакна “ Ние бевми и ќе продолжиме да бидеме посветени во работата за одржлив развој во Дримскиот Басен кој како уникатен природен ресурс обезбедува услуги и придобивки на луѓето низ целиот басен “ . Г-ѓа Каја Шукова, државен секретар во министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, потенцираше дека имајќи ги во предвид целите на Стратешката акциона програма и предложените мерки можем да потврдам дека Северна Македонија силно поддржува можна нова фаза и нов проект за имплементација Стратешката Акциона Проеграма за Дрим. Истовремено Генералниот секретар на Министерството за животна средина од Косово г-дин Изедин Битиќи наметна дека “ веруваме дека заедно можеме да придонесеме за отворање на нови можности за решавање на заеднички идентфикуваните проблеми за заштита на уникатните хидролошки и биодиверзитетски вредности на Дримскиот Басен.

Генералниот секретар во грчкото Министерство за животна средина и енергија , професот Константинос Аравосис во својот говор на отворањето на онфеенцијата посочи на важноста на координираното управување со Дримскиот Басен и го потенцирање значајниот напредок и достигнивање во последните десет години на работење.Тој информираше и за заедничката средба на трите министри за животна средина на која се дискутирање за почеток на работа за зедничките тела за Преспанскит басен во согласност со Преспанскиот Договор од 2000 година. На крајот тој ја истакната и подготвеност на грчката страна за продолжување на соработката во иднина.

Димитрис Фалуцос од секретаријатот на Дрим Кор групата и Проектен координатор на ГЕФ Дримскиот проект презентираше преглед на постигнатите резутати во изминатите 5 години во контекст на прекуграничната соработка преку активноси поддржани од Дримскиот Проект, ги презентираше главните резултати како и идните перспективи за зајакнување на прекуграничната соработка. “ГЕФ Дримскиот Проект завршува но ја зајакна соработката помечу земјите од Басенот. Крајот на оваа фаза сигнализира иницирање на нова фаза низ која земјите од Дримскиот Басен ќе работат на имплементација на Стратешката Акциона Проеграма за Дрим.

Г-ѓа Лимиа Елтаеб, од УНДП Албанија изјави дека: Предизвиците со кој денес се соочува Дримскиот Басен но и нашите крајбрежија како дел од интегрираниот природен систем се врзани со претерана експлоатација и загадување кои во комбинација со климатските промени ги слабее способностите на екосистемот за негово адаптирање и регенерирање. Преку СДГ 14 Дримските земји ќе потврдат како регионалната соработка може да биде успешна во координираното управување од изворот до морето. Прогресот на Дримските земји кон ЕУ агендата и имплементацијата на Европската рамковна директива за води ќе бидат водечка сила и УНДП ќе го поддржува и натаму заедничките активности во Дримскиот Басен и пошироко.

Партнерските организации активни на регионално и национално ниво во Басенот, на Конференцијата информираа за проектите и активностите кои ги спороведуваат со што силно придонесуваат кон остварување на националните приоритети и со тоа директно или индиректно во спроведувањето на Стратешката Акциона Програма за Дрим. Во тоаа насока предложено е да се воспостави годишна координативна средба помеѓу сите иницијативи заедно со Дрим Кор Групата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања