Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, порача Мицкоски од митингот во Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-librarysfelq7h945cndN21ZSk

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на синоќешниот народен митинг во Кичево, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

,,Сега мора да застанеме еден до друг, сите заедно еден до друг, без разлика на нашата етничка, партиска или верска припадност. Сложно, затоа што кичевчани, без разлика дали се тоа Македонци, Албанци или останати  се иселуваат.  И едните, и другите и третите. Сите  имаат тежок живот, сите сакаат  иднина“, истакна Мицкоски.

— реклама —

,,Има луѓе кои изградија кариери на етнички теми, цели партии се одржуваат на бранот на едно вештачко непријателство и нетрпеливост, која се гради помеѓу кичевчани. И знам дека кога вака ќе ги соочите со вистината во очи, многу тешко е да ве погледаат во очи, но и сите ние и сите вие не треба да наседнуваме на стапицата на дневните партиски препукувања, на романтичарските идеи кои не носат храна на трпезата и подобар живот. И тие кои постојано го прават ова, нема да имаат среќа ако нивниот народ е несреќен“, кажа Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски истакна дека додека Али Ахмети и неговите соработници се богателе, народот страдаше и се раселуваше. Според него, Ахмети не успеал да обезбеди просперитет за сите.

,,Што ќе му е Зајас на Али ако тоа е празно? Нема радост ниту во палатите, ниту во дворците, ако преку оградата народот и соседите ти се гладни и раселени“, рече Мицкоски и додаде:

— реклама —

,,Тоа го направи тој за Албанците. Ги испразни нивните места, села, градови, ги расели после 20 години владеење тука. Додека тој и неговите блиски се богатеа, народот страдаше и тонеше во сиромаштија.  Затоа, слушнавте дека докторот Александар има проекти за сите. И за Албанците, и за Македонците, и за Турците, и за Македонците муслимани, и за Ромите, и за Власите, и за Бошњаците и за сите останати. Буквално за секој еден кичевчанец. За сите ќе правиме и планираме проекти“.

Мицкоски повикa на заеднички одговор од сите против нечесноста и поделбите, нагласувајќи итност за резултати, дела и единство.

,,На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани.  Утре, ако некој и од нашите редови постапи погрешно, исто ќе ве повикам да се обединиме против тоа. Немаме време веќе за грешки, пропусти и губење време. Мора резултати. Мора дела. Мора заедништво. Само така победите се можни и тие се на дофат. Поделбите одат во прилог на тие што не ѝ сакаат добро на земјата, на граѓаните, и на тие што ја злоупотребуваат нивната доверба“, заклучи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 14 часа

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 15 часа

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања