На Охридскиот аеродром слета првиот авион од Малме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
malme-1

ТАВ Македонија на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го пречека првиот лет на Виз ер од Малме, во исто време одбележувајќи го отворањето на две нови дестинации од Охрид – Малме и Милано  Со   традиционална   свеченост,  ТАВ   Македонија  ги   пречека  118-те   патници   што пристигнаа од Малме, шестиот најголем град во Скандинавија, на охридскиот аеродром, денеска, 18-ти март, во 11:25 часот, со Ербас A 320 на Визер. Половина час подоцна, во 11:55 часот, воздухопловот полета од  Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид  назад кон Малме со 60 патници.

— реклама —

Утре, 19-ти март, во 17:25 часот, охридскиот аеродром ќе ги пречека првите патници кои ќе пристигнат со првиот лет на Визер од Милано, италијанскиот град познат како еден од главните градови во светот на модата и дизајнот. Новите линии на Визе ер ќе сообраќаат два пати неделно со Ербас A 320, со 180 седишта.

Двете нови директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции.  Почнувајќи од  денеска, 18-ти  март, летот од/до  Малме  ќе   сообраќа секој понеделник и петок, со време на пристигнување во 11:25 часот, време на поаѓање 11:55 часот;   додека   летот   од/до   Милано   Малпенса   од   утре,   19-ти   март,   ќе   сообраќа   секој вторник и сабота, со време на пристигнување во 17:25 часот, и време на поаѓање во 17:55 часот.

— реклама —

Овој распоред на летовите важи до крајот на март, односно до крајот на зимската сезона. Според распоредот на летови за летната сезона во 2019 година, од 1-ви и 4-ти април, соодветно, Милано Малпенса ќе пристигнува во 18:55 часот, а ќе полетува во 19:25 часот, додека летовите од Малме ќе пристигнуваат на охридскиот аеродром во 11:20 часот и ќе поаѓаат назад во 11:50 часот, двата лета ќе сообраќаат секој понеделник и петок.

Од   менаџментот   на  ТАВ   Македонија  го   изразија   нивното   огромно   задоволство   за континуираниот развој на мрежата на авиолинии на  Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

-Среќни сме да ги пречекаме и да го најавиме додавањето на Малме и на Милано на мапата со дестинации како две авиолинии што ќе сообраќаат во текот на целата година   на   Аеродромот   Св.   Апостол   Павле   Охрид.  Оваа   прилика   не   е   само   за                                                                                                                                          одбележување на проширувањето на мрежата на линии од охридскиот аеродром, туку ова исто значи и отворање два нови дојдовни пазари, Шведска и Италија, за патници и туристи кои доаѓаат во посета на прекрасниот Охрид. Во исто време, двете неделни фреквенции, ќе бидат од корист за целата локална заедница долж Охридското Езеро и за економијата во нашата земја воопшто.  Директните линии Охрид-Малме и Охрид- Милано   (Малпенса)   може   да   се   користат   како   поволна   конекција   при   патување   во Шведска   или   Италија.  ТАВ   Македонија   секогаш   се   радува   на   новите   авиолинии   и новите можности  за  патниците  кои  ги  користат  двата  аеродрома  во  Скопје  и  во Охрид, а денес ни е драго што се задоволени потребите и барањата на патниците.

Со воведувањето на овие две нови дестинации, веруваме дека ќе има бројни можности за   македонските   граѓани   да   го   прошират   и   да   го   зголемат   нивното   патувачко искуство. Би сакал да се заблагодарам на Виз ер за нивната посветеност кон развој на воздухопловството   во   нашата   земја,   како   и   на   Владата   за   нивната   постојана поддршка, изјави Неџат Курт,  Координатор на Аеродроми во ТАВ Македонија.

Билетите за двете нови авиолинии, Охрид-Малме, Охрид-Милано Малпенса, и обратно, се веќе во продажба преку веб-сајтот на Визер www.wizzair.com.

Со додавањето на Малме и  Милано,  како  нови дестинации, сега од  Аеродромот  Св. Апостол Павле – Охрид  има 5 редовни линии, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, како   и  8  сезонски   дестинации   до:   Амстердам,   Брисел,  Тел   Авив,   Варшава,   Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, на кои оперираат 11 авиокомпании.

ТАВ   Македонија  како   аеродромски   оператор   на   двата   македонски   аеродрома, продолжува со порастот во бројот на патници.  Имено, во текот на јануари и февруари 2019г., вкупно  305.246  патници (7%  годишен пораст), патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле – Охрид.

ТАВ   Македонија   ја   заврши   2018   година   со   вкупно   2,3   милиони   патници   на   двата аеродрома, со 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања