ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

На паркингот кај скопски „Холидеј ин“ ќе има згради

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
holidej-in-parking

На паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје ќе има згради, само нема да бидат 60-катници, како што предвидува постојниот Детален урбанистички план (ДУП), кој во моментов е под мораториум.

— реклама —

Изминативе десетина дена, просторот на паркингот и околу него се расчистува од времените објекти, а не работи ниту паркингот со кој стопанисуваше  АД за Стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Рампите за влез и излез од паркингот се кренати и поставен е натпис слободен влез.

Неделава метежот на овој паркинг, кој е меѓу најомилените на скопјани поради местоположбата во строг центар и бидејќи е од отворен тип, беше вообичаена, а голем дел од граѓаните и не знаеја дека на ова место повеќе нема да постои паркиралиште.

— реклама —

Планот кој сега е под мораториум и се ревидира беше донесен на Советот на Општина Центар на 21 јуни 2007, со кој се предвидува максималната висина на објектите да е до 300 метри. Планот беше донесен по барање на тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за да може да го реализираат таканаречениот проект „Менхетн“.

-Деталниот урбанистички план што предвидува изградба на 60 катници на местото на паркингот спроти “Холидеј ин“ е се уште под мораториум. Откако ќе се донесе новиот ревидиран план на овој простор ќе има згради, но Богдановиќ вели дека уште не знае колку објекти ќе има и колкава ќе биде нивната висина, бидејќи планот уште се изготвува., изјави  градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Инаку, вкупниот број на паркинг места на паркингот кај “Холидеј ин” изнесуваше 524 места за лесни коли и 10 за автобуси. Покрај месечни карти, дел од корисниците на овој паркинг имаат и годишни билети. Овој паркинг беше еден од најпрофитабилните во градот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања