Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

На почетокот на јули ќе се одржи подготвително рочиште за раскин на договорот за изградба на катна гаража кај „АвтоМакедонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

На 5.7.2021-ва година во просториите на Основниот граѓански суд Скопје ќе се одржи подготвително рочиште за раскинување на договор поврзан со купопродажба на државно градежно земјиште со јавно наддавање.

Договорот кој ќе биде предмет на раскинувањето се однесува на просторот кај паркингот до „АвтоМакедонија“, во Градскиот Ѕид.

— реклама —

Земјиштето било оттуѓено примарно од страна на Министерството за транспорт и врски во 2012-та година, за што бил склучен и Договор помеѓу Министерството и НИКОФОН Дооел.

— реклама —

Со Одлука на Владата на Република Северна Македонија од декември 2018-та година, овој договор беше предаден на надлежност на Општина Центар-Скопје.

— реклама —

Одговарајќи на прашањата во вчерашното гостување на Само Вистина на Канал 5, но и на гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информираше дека самиот сопственик на земјиштето поднел барање за раскин на договорот и дека предметот во моментов се наоѓа во суд.

Од причини што реализацијата на договорот со тек на време стана неизвесна и невозможна, преземени се чекори за раскинување на договорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања