Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, објави дека предлогот за зголемување на цената за поминат километар на приватните превозници е пуштен на мислење до градоначалничката Данела Арсовска.
„На потег е градоначалничката Арсовска“, напиша тој.
Славески побарал одговори од Арсовска, дали се согласува со промена на условите во договорот, кој има важност до другата година, но и конкретен предлог колкава да биде цената со образложение врз основа на кои параметри се дава предлогот.