„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

На пратеници од ВМРО ДПМНЕ им се нудело укинување притвор во замена за гласање „за“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sobranie-21

Дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои се во притвор заради настаните од 27 април, преку посредници испратени од СДСМ добиле понуди за укинување на притворот, доколку гласаат „за“ во собранието кога на дневен ред ќе стигне договорот од Преспа - дознава „Скопје1“ од свои извори во СДСМ.

— реклама —

Неофицијално, се зборува дека Сашо Василевски и Крсто Муковски се двајцата договорени пратеници кои ќе гласаат за уставни измени. Љубен Арнаудов е третиот пратеник со кој се преговара, но сеуште непотврден за СДСМ, велат за „Скопје1“ извори од партиите.

Со посредниците на СДСМ преговара ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, гласно се шпекулира во јавноста. Во одредени кругови се вели и дека Мијалков преговара со СДСМ за да биде тајно амнестиран за обвиненијата подигнати од СЈО.

— реклама —

МИЦКОСКИ: ВО ЈАВНОСТА ИМА СОМНЕЖ ДЕКА НЕКОЈ ВО ВЛАДАТА ТРГУВА СО ПРАВОТО И ПРАВДАТА

„Самиот факт што во јавноста постои сомнеж дека некој од Владата тргува со правото и правдината, говори дека во оваа држава ниту има правда ниту има правдина, така што не би го коментирал сето она што во моментов се случува во Македонија  - ова го одговори Мицкоски на новинарско прашање околу тоа дали им е понудена опција на пратениците да гласаат „за“ договорот од Преспа, а Груевски да добие амнестија.

Според нашите извори на овој начин треба да се зголеми бројката од шест пратеници на опозицијата кои ќе гласаат „ за “ договорот од Преспа. „Скопје 1“ денес ексклузивно објави  дека односите меѓу почесниот претседател и пратеник Никола Груевски и првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се нарушени и тие немаат комуникација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања