На Рашковски ќе му се суди за набавките, одобрено е обвинението од Кривичен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
raskovski-99

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека обвинителниот акт против седум лица поврзан со нелегална набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, од страна на Советот за оценка на обвинител акт е оценет и одобрен во целост. Имено, обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост.

— реклама —

По вака одобреното обвинение, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања