На ред дојдоја да се „делат“ производите под брендот „Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
vino-makedonija

Стопанствениците од Северна Грција се загрижени што ќе следува следниот ден по стапувањето во сила на Преспанскиот договор. Тие се загрижени за „судбината на трговските имиња на македонските производи“, пишува “Та Неа“.

— реклама —

Името „Македонија” се појавува во различни форми во брендовите на 182 грчки бизниси во сите сектори, а од нив 39 во секторот за храна и во земјоделскиот сектор.

Бизнисмените бараат да нема промена во имињата на грчките производи кои го вклучуваат терминот “Македонија” и бараат од владата да го брани ова право на грчките бизниси.

— реклама —

Сепак, досега, само 24 компании ги регистрирале своите брендови на европско ниво, од кои 8 од јуни минатата година, а само 2 на меѓународно ниво.

„Та Неа“ пишува дека во следниот период ќе биде формиран Специјален комитет на експерти од двете земји, кој во рок од три години ќе го решава ова прашање, но до денес, според претставници на грчките претприемачи, не било побарано да дадат свое мислење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања