Промени тема
Контакт

На репрезентативец на САД простен му е црвениот картон: Медиумите го обвинуваат Трамп дека ја „местел“ одлуката на ФИФА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library0jrpuuteo7li9NDZS3t
Илустрација / Скопје1

ФИФА донесе контроверзна одлука да ја укине суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, овозможувајќи му настап во осминафиналниот дуел против Белгија, иако претходно доби директен црвен картон.

Според светските медиуми, одлуката следувала по наводна интервенција на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, според информациите, неколкупати телефонски разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, барајќи да се преиспита казната изречена по натпреварот против Босна и Херцеговина.

Според „Гардијан“, Трамп во период од четири дена трипати контактирал со Инфантино, а „Ројтерс“ оценува дека случајот отвора сериозна дебата за влијанието на политиката врз одлуките во светскиот фудбал.

— реклама —

ФИФА соопшти дека, согласно член 27 од Дисциплинскиот правилник, извршувањето на суспензијата е условно одложено за период од една година. Тоа значи дека црвениот картон останува во сила, но Балогун нема да ја пропушти следната средба. Доколку во текот на условниот период направи сличен прекршок, суспензијата автоматски ќе биде активирана.

Одлуката предизвика жестока реакција кај Кралската белгиска фудбалска федерација, која соопшти дека е „запрепастена“ од потегот на ФИФА и најави дека ќе ги разгледа сите правни можности за заштита на фер-плејот.

Белгискиот сојуз потсетува дека член 66.4 од Дисциплинскиот правилник јасно предвидува автоматска суспензија за следниот натпревар по директен црвен картон и оценува дека донесената одлука е спротивна и на правилата за Светското првенство 2026.

— реклама —

Осминафиналниот натпревар меѓу САД и Белгија е закажан за понеделник во Сиетл.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 1 месец

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 1 месец

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 1 месец

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања