Промени тема
Контакт

На само два дена пред избори ВМРО-ДПМНЕ со ново алиби за седмиот пораз, уцените и поткупот беа нивен заштитен знак цели 11 години, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm

„На само два дена пред изборите, исплашеното ВМРО-ДПМНЕ очајнички бара алиби за седмиот пораз кој ги очекува на 17 октомври. Свесни се дека ќе изгубат, дека не успеаја нивните лаги да ги заташкаат со нови и да ги изманипулираат граѓаните да дадат доверба на бивши затвореници и лица со сомнително минато, лица како Данела која со години крадела струја, лица како Стефковски осуден на казна затвор за продажба на дрога. Граѓаните не заборавија дека поткупот, уцените, гласачите од Пустец, кражба на доверлив изборен материјал се обележје на режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакција на прес-конференцијата на Драган Ковачки од БМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Локалните избори ќе бидат фер и демократски, како што беа сите претходни кои ги организираа институциите предводени од СДСМ. Ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести од белиот дворец, а ВМРО-ДПМНЕ ако има какви било сознанија истите да ги пријави до надлежните институции. Во спротивно ова е само уште еден од низата обиди да се најде алиби за извесниот пораз што ги чека во недела“. додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања