Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„На секое дете му треба семејство“ – денес се одбележува Денот на згрижувачките семејства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryp754e2l2i3565KbjmNO
unsplash

По повод Денот на згрижувачките семејства, кој се одбележува на 1 јуни, во Скопје ќе се одржи настан посветен на поддршката и промоцијата на згрижувањето како една од најхуманите форми на грижа за децата без родителска грижа.

— реклама —

Настанот е во организација на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Град Скопје и Црвениот крст на Град Скопје, а ќе се одржи во Зоолошката градина во Скопје. На него е најавено присуство на сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски, како и претставници на институции, донатори и згрижувачки семејства.

— реклама —

Целта е да се оддаде признание на семејствата кои отвораат дом и срце за децата на кои им е потребна грижа и поддршка, но и да се подигне јавната свест за значењето на згрижувањето и потребата од нови згрижувачки семејства.

— реклама —

Организаторите ќе испратат порака дека секое дете заслужува да расте во безбедна, стабилна и поддржувачка семејна средина, исполнета со љубов, внимание и сигурност.

— реклама —

Воедно, упатен е повик до сите заинтересирани граѓани да се информираат за можностите за згрижување и да станат дел од оваа благородна мисија, која може да го промени животот на едно дете.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања