„На секое дете му треба семејство“ – денес се одбележува Денот на згрижувачките семејства
По повод Денот на згрижувачките семејства, кој се одбележува на 1 јуни, во Скопје ќе се одржи настан посветен на поддршката и промоцијата на згрижувањето како една од најхуманите форми на грижа за децата без родителска грижа.Настанот е во организација на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Град Скопје и Црвениот крст на Град Скопје, а ќе се одржи во Зоолошката градина во Скопје. На него е најавено присуство на сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски, како и претставници на институции, донатори и згрижувачки семејства.Целта е да се оддаде признание на семејствата кои отвораат дом и срце за децата на кои им е потребна грижа и поддршка, но и да се подигне јавната свест за значењето на згрижувањето и потребата од нови згрижувачки семејства.Организаторите ќе испратат порака дека секое дете заслужува да расте во безбедна, стабилна и поддржувачка семејна средина, исполнета со љубов, внимание и сигурност.Воедно, упатен е повик до сите заинтересирани граѓани да се информираат за можностите за згрижување и да станат дел од оваа благородна мисија, која може да го промени животот на едно дете.
Скопје | пред 6 часа