Промени тема
Контакт

На секои 20 дена секое домаќинство се задолжува за нови 200 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0109

ВМРО-ДПМНЕ со нов тим за промени кои мора да донесат иднина. Вчера Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го избра новиот ИК на партијата. Во новиот ИК има луѓе од сите општествени сфери, кои се докажани во своите области на работа и делување, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе генерира политики кои ќе значат што побрза промена на власта на СДСМ, преку предвремени избори, а потоа и решавање на проблемите на граѓаните.

— реклама —

Оваа влада на СДСМ ја задолжува државата, на секои 20 дена секое домаќинство се задолжува за нови 200 евра. Евроинтегративните процеси се закочени, економијата оди во надолна линија.

ВМРО-ДПМНЕ и новиот ИК ќе преземат иницијатива за оформување на широк народен фронт против власта која ја уназадува земјата на секој чекор.

— реклама —

Ќе се бориме за функционален систем и функционална демократија, а тоа веќе го правиме преку предлогот за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, што ќе заштеди пари на граѓаните, но и ќе обезбеди поголема функционалност.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ се залага за промени кои ќе значат општ развој, а кои можат да се случат единствено со избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања