Професорката и експратеничка Фросина Ременски му посочува на владиниот врв и министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека немешањето во внатрешните работи на Бугарија не значи Македонија да не се грижи за својот народ кој живее таму. Таа посочува „Премногу лесно се тегне овој наш правен ластик-систем што е опасно по тоа што на сите им е полна устата - владеење на правото и правната држава“.
„Со сета почит кон министерот за надворешни д-р Бујар Османи, но како министер во Владата која ја предвиди надворешната политика на мојата земја треба убаво да го прочита и разбере членот 49 од Уставот. Немешањето во внатрешните работи не е исто со грижата за своите надвор - независно кој (Македонци, Албанци, Турци ...). За грижата за свите ..., тоа е нешто од што Македонците можат да учат од Албанците - регионално. Но, тоа не треба да значи релативизација на македонското за ништо и од никого“, напиша Ременски
„Ако треба да кажеме дека има Македонци во Бугарија, а притоа да не се мешаме во "бугарските внатрешни работи", тогаш убаво е да кажеме дека, фактот што во РСМ има Бугари исто така не треба да значи право за мешање во "македонските внатрешни работи". Владата и министрите час поскоро треба да разберат, дека не смеат да имаат селективно почитување на Амандманите на Уставот. Ако се вели дека, може не треба да се почитува Амандманот 1 од Уставот, тогаш тас логика упатува дека може да не се почитуваат и Амандманите кои го инкорпорираат Охридскиот и Преспанскиот договор преку Амандмани во Уставот. Тоа не е добро“, додаде таа.