„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

На сметката од ДУИ пари уплаќале директори, пратеници, Стоматолошка клиника и Општина Липково

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dui

На партиската жиро-сметка на ДУИ во минатата 2018 година биле уплатени средства по основ на членарини од 60 лица во вкупен износ од 1.68 милиони денари, како и една донација во висина од 184 илјади денари, покажува извештајот што го партијата го доставила до Управата за јавни приходи и до Државниот завод за ревизија.

— реклама —

Според извештајот, единствената донација на ДУИ доаѓа од Бејтула Адеми во износ од 184.200 денари, додека сите други приходи се по основ на членарини. Така, членот на Управниот одбор на М-НАВ Миѓен Селмани уплатил 175.00 денари, додека партискиот потпретседател Невзат Бејта, директорот на Институтот за трансфузиона медицина Авни Исмаили и директорот на ЈП за стопанисување со пасишта Љуљзим Фејзулаи уплатиле по 60.000 денари.

Потоа, потпретседателот на Агенцијата за медиуми Милаим Фетаи уплатил 48.000 денари, директорот на ЈП Македонски железници Ирфан Асани уплатил 47.000 денари, министерот за екологија Садула Дураку уплатил 45.000 денари итн. Партискиот лидер Али Ахмети, пак, уплатил 36.000 денари, исто како и претседателот на парламентот Талат Џафери, како и пратениците Агим Шаќири, Реџаил Исмаили, Мирсада Асани…

— реклама —

И во овој регистар на донатори на ДУИ може да се сретнат јавни субјекти, па Општина Липкково е наведена покрај уплата од 1.980 денари, а називот на Стоматолошката клиника стои покрај уплата од 5.962 денари. Сепак, од партијата објаснуваат зад донацијата на Општина Липково стои Еркан Арифи, а зад донацијата на Стоматолошката клиника стои Амела Цана.

Повеќе на Фокус.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања