На снимањето на филмот со Болдвин имало и други проблеми и инциденти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
ebb5d7be-3f32-42e5-9e28-a552a32f2cb0

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимањето на филм и ја уби директорката на фотографија, му го дал помошник режисерот, кој му рекол дека е безбеден, покажуваат судските записи, а пренесува Би -Би -Си.

— реклама —

Според судските записи, неименуван помошник не знаел дека во реквизитите има муниција.

— реклама —

Директорката на фотографија Халина Хачинс почина откако куршум ја погоди во градите. Режисерот Џоел Соуза, кој бил веднаш зад неа, бил ранет. 48-годишниот режисер вчера бил пуштен од болница.

— реклама —

Полицијата соопшти дека ја зеле крвавата облека на Болдвин како доказ. Исто така, сите реквизити од сетот се одземени.

Болдвин (63) беше испрашуван од полицијата, но сè уште никој не е обвинет. Болдвин рече дека целосно ќе соработува со полицијата.

Според „Ел-Еј Тајмс“, неколку часа пред трагичниот настан за време на снимањето на филмот „Р’ѓа“ во Ново Мексико, дел од техничкиот персонал го напуштил местото на снимањето во знак на протест поради лошите услови за работа. Имено, луѓето кои работат на филмот се револтирани од условите во кои се снима овој нискобуџетен филм.

Извор за „Ел-Еј Тајмс“ изјавил дека тие не се придржувале целосно до безбедносните протоколи на сетот на овој филм. Минатата недела, пишуваат, најмалку едно лице се пожалило во продукцијата за безбедносни проблеми со оружјето.

Двајца вработени во „Ел-Еј Тајмс“ објавиле дека двојникот на Болдвин (лицето што го менува во одредени опасни сцени) минатата сабота случајно испукал два куршуми откако му било кажано дека пиштолот е „ладен“. Тоа е терминот што се користи како знак дека во пиштолот нема вистински куршуми.

„Тогаш требаше да се спроведе истрага“, рекол анонимен извор од сетот.

Тие испратија порака до продукцијата за тоа како имале повеќе инциденти со употреба на вистински куршуми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања