„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

На Табановце почна делењето на бесплатни картички за патарина на српските туристи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
GP-Tabanovce

Започна делењето на бесплатни картички за патарина на српските туристи. Туристите од Србија кои од денеска ќе транзитираат низ коридор 10 на пат кон Грција, на граничниот премин Табановце ќе добијат М-смарт картичка за патарините.

— реклама —

На картичките има пари колку што чинат сите патарини во двата правца. Српските туристи ќе треба да ги отчукаат на наплатните рампи и без никаков трошок да го поминат Коридорот 10 низ нашата држава. Како што информираат од Владата за „Вечер.прес“, од вкупно планираните 200 илјади картички, во првата количина Јавното претпријатие за државни патишта изработило 65.000 и ги предало на МВР.

Оттаму додаваат дека картичките остануваат во трајна сопственост на српските граѓани, кои ќе имаат можност да ги надополнуваат преку системот е кард, со не помалку од 300 денари, за следен влез на територијата на Македонија.

— реклама —

Српските граѓани ќе добиваат бесплатни М-Смарт картички при влез во нашата држава до 15 август, а за тоа од државниот буџет се планирани 2,8 милиони евра.

Оваа привилегија е предвидена само за српските граѓани кои патуваат по Коридорот 10. Бесплатните патарини без обезбедени како гест на благодарност кон српските граѓани кои први се понудија да им дозволат бесплатно вакцинирање на Македонците во Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања