Промени тема
Контакт

На точак: Со секоја акција или неакција, општините бираат дали ќе имаме или ќе немаме жртви на улиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
DSC_0410

Граѓанската иницијатива „На точак“ побара информација на кој начин општините планираат да ја подобрат безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Тие велат дека се уште го очекуваат одговорот и додаваат дека со секоја нивна акција и неакција бираат дали да има или да инема жртви во сообраќајот

„НаТочак во понеделникот побара информација на кој начин општините и Град Скопје планираат да преземат мерки за да ја подобрат безбедноста на СИТЕ учесници во сообраќајот, со акцент на пешаците и велосипедистите, и дали нивните заложби ги опфаќаат следниве мерки:

  • Ослободување, уредување и проширување на тротоари и воведување пешачки зони. Правото на слободно движење треба да биде гарантирано на сите. Нефункционални и узурпирани тротоари доведуваат до принудно движење на ранливите учесници во сообраќајот по коловоз што ја загрозува безбедноста на сите;
  • Воведување велосипедски патеки/ленти. Воведување издвоена велосипедска инфраструкрута не значи само добивање простор за велосипедски сообраќај, туку и смирување на брзините на возилата, скратени премини преку коловоз за пешаците итн., односно докажано влијае на безбедноста на сите, не само на велосипедистите;
  • Воведување на Зона 30, Зона 20 и физичко смирување на сообраќајот преку стеснување на ленти за автомобили, подигнати пешачки премини, шикани-искривувања на коловозот, микро-кружни текови и слично.

Во очекување сме на одговор.

— реклама —

Институционалната поддршка на:

- брзото возење (преку планирање на предимензионирани коловози без мерки на смирување);

- бесправното паркирање (преку несанкционирање на окупирањето пешачки површини или преку непоставување физичка заштита);

- автоцентричноста (преку планирање со фокус на автомобилите, а не велосипедите и пешаците, што едуцира „јас сум главен“ однос на возачите кон ранливите учесници)

— реклама —

е во прилог на небезбедноста!

Општините и Градот Скопје мора да одлучат во која насока ќе се движат: БЕЗБЕДНОСТ или НЕБЕЗБЕДНОСТ? Со секоја нивна акција и неакција, тие бираат: да имаме или немаме жртви на улиците“, се вели во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања