Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

На Виз Ер Скопски Маратон 2021 само со вакцина или негативен ПЦР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
431526-0.Basic-Vize

Заради подобра организација на целиот настан организаторите на Виз Ер Скопски Маратон направија промени во трката на 5км која беше планирана за 2ри октомври, истата да се одржи на 3ти октомври, заедно со другите трки, маратон, полумаратон и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.

— реклама —

Виз Ер Скопски Маратон 2021, традиционално со четирите трки, како и секоја година, така и оваа, ќе се одржи во недела. Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на Спортски центар Борис Трајковски, со што маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8:00 часот, а трката на 5км ќе се трча со старт во 8:10 часот.

— реклама —

Виз Ер Скопски Маратон ќе биде домаќин и на најдобрите македонски маратонци, кои ќе трчаат на Државното првенство во маратон, кое Атлетската Федерација на Македонија го организира во склоп на овогодинешниот маратон.

— реклама —

Подигањето на стартните пакети ќе биде од 30ти септември до 2ри октомври, во период од 12:00 часот до 19:00 часот, пред главниот влез на салата „Борис Трајковски“, а при подигање на истите, учесниците над 18 години задолжително ќе мора да покажат сертификат – потврда за извршена имунизација или примена барем една доза вакцина, потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена или потврда за негативен ПЦР КОВИД тест направен во последните 72 часа пред одржување на трката. Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Повеќе информации можат да се најдат на:

http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton/.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања