Промени тема
Контакт

На хируршкото одделение во струшката болница од морбили заболени 9 вработени од вкупно 56

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_3176

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса денеска пред Општата болница во Струга даде изјава за медиуми по вчерашната информација дека хируршкото одделение е затворено поради заболување на 50% од медицинскиот персонал од морбили (мали сипаници).

„Од 56 здравствени работници кои се вработени во ова одделение, во моментов 9 од овие 56 се заболени од морбили, додека пак 5 здравствени работници имаат прележано и се на своето работно место. Не е точна бројката од 50%, туку се заболени 16% од вработените“, изјави заменик министерот Муса.

— реклама —

Во Општата болница, 70% од вработените се вакцинирани. Оние кои не се вакцинирани ќе бидат вакцинирани во најкраток период со МРП вакцина. Хируршкото одделение ќе биде затворено една недела, а пациентите и понатаму ќе ја имаат потребната неопходна здравствена заштита. Тие ќе бидат испраќани во Охрид и Битола.

— реклама —

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

— реклама —

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 25.808. Вакцинацијата е единствената мерка за спречување на ширење на епидемијата од морбили и подигнување на колективниот имунитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања