„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Началниците од УБК и шефот кај Мијалков добија затворски казни, Јанкулоска нема вина за уништувањето на опремата за прислушување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Screenshot-2025-01-13-at-21.19.20

Судијата Илија Трпков смета дека има вина кај обвинетите во предметот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушувањето. Од вина ја ослободи ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Судијата Трпков ги осуди избеганите Горан Грујовски и Никола Бошковски, како и Тони Јакимовски и Валентина Симоновска. Според судијата, одговорноста за овој предмет ќе ја задоволи барем малку, како што кажа, правдата за прислушувањето во Македонија за кое обвинет беше Сашо Мијалков, но делото му затари - па остана неказнет. Во овој случај, обвинет беше и Мијалков, на кого му застаре делото уште во 2021 година, па товарот остана кај Јанкулоска.

— реклама —

Судијата Трпков на Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, му досуди три години затвор.

На Горан Грујевски, ексначалникот на Петтата управа му досуди казна затвор од 14 години и шест месеци.

— реклама —

Никола Бошковски, вработен во УБК доби девет години и 10 месеци затвор.

На Валентина Симоновска и беше досудена условна осуда.

Според судијата Трпков, Јанкулоска не учествувала во уништувањето на опремата заедно со останатите обвинети.

„Обвинетата Јанкулоска се ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила делото за кое се обвинува“, рече судијата Трпков.

Според судијата, немало потреба од ништење на системот за следење на комуникациите, но тоа било направено со комисија која ја формирале обвинетите.

„Со прислушуваните разговори целата држава се држеше под заложништво. Јас добив впечаток дека обвинетите многу знаат за тоа што се случувало со прислушувањето, како да не сакаат да посочат некого, како да сакаат да скријат некого. Обвинетата Силвана која во текот на постапката почина, си однесе се со нејзе. Кај дел од обвинетите има страв, но и гнев - тоа е личен впечаток“, рече судијата Трпков.

Според судот, обвинетиот Горан Грујевски ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетиот Тони Јакимовски сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетиот Никола Бошковски сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетиот Сашо Мијалков сторил кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања