Национален Блок „Не отворам врата“: Многу сме задоволни од средбата со Мицкоски за пописот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Slika-2-1

Делегација на Националниот Блок „Не отворам врата“, во состав Ацо Николовски генерален секретар на Единствена Македонија, Исмаил Бојда претседател на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед и Вангел Божиновски претседател на Здружението Македонска преродба, денес оствари средба со претседателот и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Ѓорѓија Сајкоски, се вели во соопштението од Националниот блок „Не отворам врата“.

— реклама —

Во продолжение на соопштението се додава:

— реклама —

На средбата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги запозна претставниците на Националниот Блок „Не отворам врата“ со разговорот што го имаше на тет-а-тет средбата со Зоран Заев во врска со пописот.

— реклама —

Делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“ е многу задоволна од средбата со Мицкоски, бидејќи, и покрај силните залагања на марионетската влада да спроведе попис по секоја цена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ успеа да договори одложување на пописот што беше клучно барање и на Националниот Блок „Не отворам врата“.

За денешниот разговор, делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“, вечерва на состанок ќе ги запознае сите 20 организации - членки во Националниот Блок „Не отворам врата“, по што, во недела на прес конференција јавноста ќе биде запозната со заклучоците од состанокот.

фото: Национален блок „Не отворам врата“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања