Промени тема
Контакт

Над 1600 казни изречени во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0153

Во текот на јануари годинава, полициските службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во Тетово и тетовско во редовни и над дваесет акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале 1.607 различни видови неисправности, односно сообраќајни прекршоци или 74 помалку во споредба со истиот период лани.

— реклама —
— реклама —

Во контролните активности спроведени минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 89 возила, од кои 63 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а 26 поради утврдена техничка неисправност. Во јануари, исто така, од сообраќај биле исклучени и 359 возачи или 155 повеќе од лани, од кои 198 управувале без возачка дозвола, 77 под дејство на алкохол, 73 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 2 со несоодветна категорија и 9 со важечка забрана за управување. Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 16 возила, 149 возачки и 60 сообраќајни дозволи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања