Промени тема
Контакт

Над 19.000 тутунари добиваат поддршка од 300 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
tutun-1

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците, вели СДСМ.

„Започна исплатата на финансиската поддршка кон тутунарите како дел од пакетот поддршка за намалување на последиците од пандемијата.

Над 19.000 тутунари добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари.

— реклама —

Станува збор за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора клас и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа.

Претходно за тутунарите беа исплатени субвенции во висина од една милијарда и седумстотини илјади денари и заедно со оваа поддршка, Владата, за тутунарите, во услови на здравствена и економска криза, успешно реализираше две милијарди денари финансиски средства.

— реклама —

Помина времето кога тутунарите беа оставени сами на себе, кога трпеа притисоци и кога мораа својот тутун да го даваат за екстремно ниски цени.

— реклама —

Тоа се смени со СДСМ, затоа што сме домаќинска и отворена партија, затоа што водиме грижа за сите.

СДСМ останува посветена на грижа за земјоделците, тутунарите и за сите граѓани во државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања