Над 200 казнети возачи само во Скопје: Возеле пијани, без возачки со неисправни возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
DSC_0052

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

— реклама —

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 231 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

— реклама —

Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон, девет за некористење сигурносен појас, 13 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 58 за непрописно паркирање.

— реклама —

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања