Промени тема
Контакт

Повеќе од 17.000 лица излегле од Македонија во последните 24 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library0ltpud450mtjeQdedbY
Илустрација

Засилена фреквенција на патници е регистрирана во изминатите 24 часа на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, при што повеќе од 17.000 лица ја напуштиле Македонија кон Грција, додека околу 16.000 патници влегле во државата, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Поради големиот број возила, во текот на денот се формираа долги колони на двата гранични премини, а најголем метеж беше забележан на „Дојран“, каде што колоната се протегаше низ Стар Дојран.

— реклама —

Според информациите од МВР, на граничниот премин „Богородица“, во периодот од вчера до денес напладне, во Македонија влегле 5.864 македонски државјани, а излегле 5.948. Во истиот временски период влез во државата оствариле и 10.249 странски државјани, додека 11.648 ја напуштиле земјата.

— реклама —

На граничниот премин „Дојран“ биле регистрирани 399 влезови и 1.104 излези на македонски државјани. Кај странските државјани, евидентирани се 1.295 влезови и 1.174 излези.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се ставени во функција сите расположливи човечки и технички капацитети за да се овозможи побрз проток на патниците, при истовремено спроведување на задолжителните гранични контроли.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylq2lubfs9h8ffyqZZjA

Гужви на границите: На Богородица се чека 45 минути за излез од Македонија

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarycvabqqipv5nbfZcdXVS

(Видео) Гужви на границата кон Грција

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh1mu4ou1oqlh4SdGHoV

(Видео) Гужви на границата со Грција: Колони возила за влез во Македонија

Македонија | пред 1 месец

media-library0m4sqnslod543wLRbOE

Продолжениот викенд носи гужви: Се очекуваат долги колони кон Грција

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања