Над 500 дрвја во Скопје растат заробени во бетон, властите ќе ги ослободуваат со експертска помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
drvo-vo-asfalt

Град Скопје потпиша меморандум за соработка со Шумарскиот факултет со кој прецизно се утврдуваат обврските на двете институции во важен дел од заштитата на животната средина – лоцирање и ослободување на т.н. заробени стебла и корења на дрвјата од градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности, информираат градските власти.

— реклама —

„Идејата за потпишување на овој меморандум произлезе од истражувањето на професорот Сотировски и неговиот тим во чии рамки се мапирани околу 500 локации во Скопје каде што со неправилно изведени градежни активности во минатото биле зацементирани стеблата или корењата на над 500 дрвја. Во таа насока Градот Скопје ќе изврши отстранување на градежниот материјал на точно утврдени локации каде што истиот предизвикува опасност од оштетување на дрвјата, секако по претходно извршена инспекциска контрола за утврдување на фактичката состојба и одговорноста за непрописно изведените градежни активности“, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.

Шумарскиот факултет, освен мапирањето на локациите каде што постои опасност од оштетување на дрвјата, ќе обезбеди и стручна помош во обуката на лицата задолжени од Град Скопје, кои непосредно ќе ги реализираат теренските активности за отстранување на градежниот материјал.

— реклама —

„Ја користам оваа можност да ги повикам и градоначалниците на скопските општини да воспостават соработка со Шумарскиот факултет со цел да ги отстраниме овие пропусти и кај дрвјата лоцирани во зелените површини што се под надлежност на општините, но и да превенираме ваквата состојба да не ни се повторува. Сакам да нагласам дека оваа активност по важност е веројатно поголема и од засадувањето нови дрвја од причина што старите дрвја со развиени крошни играат многу позначајна улога во животната средина од младите дрвја на кои им е потребно време да ги развијат своите крошни“, нагласи Шилегов.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања