Над 500-тини домови од Скопје Север и Топанско Поле, останаа без парно во сред зима. Претплатниците од овие места, велат редовно си ги плаќаат фактурите, а веќе два дена Топлификација Скопје Север не им испорачува греење, објави Сител.
Од компанијата посочија дека поради енормно високата цена на природниот гас, а од друга страна одлуката за зголемување на цената на топлинска енергија за само 14 проценти, се соочила со сериозни финансиски проблеми. За да се надминат велат дека треба да се вклучат сите надлежни за да може да се наплатат долговите од институциите, но и да се oбезбеди финансиска помош. Од Скопје Север АД се надеваат дека проблемот наскоро ќе се реши и жителите ќе добијат греење.
Од Општина Чаир потврдија дека имаат долг кон топланата, кој ќе го платат во понеделник, но дека тоа нема да го реши проблемот.
Целиот текст можете да го прочитате тука