Шпанија годинава забележала рекордни 61 ден со услови на топлотен бран, што е најголем број откако се водат мерењата. Претходниот рекорд изнесуваше 41 ден, регистриран во 2022 година.
Според шпанската национална метеоролошка агенција АЕМЕТ, земјата го имала и најжешкото лето откако се водат податоци од 1961 година, со просечна температура од 24,5 степени Целзиусови. Тоа е за 0,3 степени над претходниот рекорд поставен во 2025 година.
Топлотните бранови во јули и август траеле повеќе од 20 дена, што ги прави едни од најдолгите регистрирани во Шпанија од 1975 година.
АЕМЕТ соопшти дека сите десет најтопли лета во историјата на мерењата во земјата се случиле во XXI век.
Податоците на шпанското Министерство за здравство покажуваат дека 5.234 лица починале од причини поврзани со високите температури во периодот од 15 мај до 31 август.
Научниците предупредуваат дека екстремните временски појави стануваат сè почести и поинтензивни како последица на климатските промени предизвикани од човековите активности.