Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Над 750.000 профили избришани од Инстаграм и Фејсбук поради забраната за лица под 16 години во Австралија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2024-03-05-at-17.29.50

Мета отстранила повеќе од 750.000 профили на Инстаграм и Фејсбук во Австралија поради сомнение дека зад нив стојат корисници помлади од 16 години.

— реклама —

Компанијата соопшти дека во периодот од декември до јуни деактивирала околу 462.000 профили на Инстаграм и 294.000 на Фејсбук. Мерките се преземени пред и по воведувањето на австралиската забрана за користење на социјалните мрежи од лица под 16 години.

Само во јануари Мета објави дека претходно отстранила 331.000 профили на Инстаграм и 173.000 профили на Фејсбук.

— реклама —

Забраната стапи во сила на 10 декември, а беше воведена поради загриженоста за влијанието на социјалните мрежи врз физичкото и менталното здравје на децата и младите. Мета соопшти дека сака да го почитува законот, иако претходно, заедно со други платформи, се спротивставуваше на неговото воведување.

— реклама —

Австралискиот регулатор за интернет во меѓувреме разгледува можност за преземање мерки против платформите за кои смета дека не презеле доволно активности за спроведување на забраната.

Владата ја зголеми и максималната казна за прекршување на законот на речиси 70 милиони американски долари, а на регулаторот му даде дополнителни овластувања за прибавување документи.

— реклама —

Сепак, податоците на австралиската влада и независни истражувања покажуваат дека мерката не го спречила користењето на социјалните мрежи во целост – повеќе од осум од 10 лица помлади од 16 години и понатаму ги користеле платформите во првите три месеци од забраната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-03-05-at-17.29.50

Рекордна казна за „Мета“: 25 милијарди долари поради доведување на корисниците во заблуда

Технологија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library1etnej2j7ue94P4guyQ

Мета претстави паметни очила без камери, но звукот и понатаму се снима

Технологија | пред 1 месец

media-libraryhsprq05ossfa51wLW7l

(Видео) Новата ера на AI асистентите: Meta Muse може да праќа мејлови, да резервира патувања и да купува

Технологија | пред 1 месец

meta

Мета плаќа 18 милијарди долари и воведува строги ограничувања за децата на Инстаграм и Фејсбук: Два часа дневно и ноќна блокада

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања