„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Над 80 санкции за еден час во Кочани и Виница, над 14.000 за помалку од месец во државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
radar-policija

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кочани и Виница, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кочани. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски. Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кочани и Виница да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Кочани и Виница се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кочани и Виница ќе бидат презентирани утре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања