„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Надал: Алкараз е фаворит на секој турнир, тоа не беше случај во мојата генерација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Спорт
Rafael-Nadal-celebrates-960x499-1

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за својот сонародник Карлос Алкараз по големиот успех и одбраната на титулата на Вимблдон.

— реклама —

Алкараз славеше и во четвртото грен слем финале во кое играше и стана најмладиот кој славеше истата година во Лондон и во Париз пред тоа.

Тоа го натера неговиот постар колега да изјави дека Алкараз, кој има само 21 година, е фаворит на секој турнир на кој настапува.

— реклама —

„Најдоброто нешто што му се случува е тоа што, без разлика на кој турнир или подлога, тој ќе биде фаворит. Тоа е нешто што не сте го виделе во мојата генерација. Јас бев фаворит на земјена подлога, но на трева тоа беше Роџер, конкретно или помеѓу Роџер и Новак, а потоа мене малку подоцна“, изјави Надал за „Л'Екип“ и додаде:

„Но, никој од нас не беше фаворит пред секој турнир. Мислам дека Карлос е денес и тоа е голема предност бидејќи тој сигурно чувствува дека ако игра на ова ниво, тешко е да го победиш“.

Во понеделникот Надал се врати на теренот за прв пат по Ролан Гарос во конкуренција на двојки во Бостад, каде партнер му беше Каспер Руд.

Двајцата ги победија вторите носители Гвидо Андреоци и Мигел Анхел Рејес-Варела со резултат 6:1, 6:4.

Очигледно е дека се подготвува за настап на Олимписките игри во двојки, каде партнер треба да му биде Карлос Алкараз.

Исто така, Рафа се очекува да настапи во сингл во Бостад, а прв ривал ќе му биде Лео Борг, синот на легендарниот Бјорн.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Шок: Рафаел Надал објави крај на кариерата!

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

Најголемото тениско ривалство добива ново поглавје на Олимписките игри

Спорт | пред 1 година

nadal1

Надал во второто коло ќе игра против Ѓоковиќ

Спорт | пред 1 година

nadal-alkaraz1

Алкараз откри каков однос има со Надал пред Олимпијадата: Нов сум овде, само треба да молчам и да слушам

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања