Промени тема
Контакт

Надал најави враќање на тенискиот терен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Спорт
Rafael-Nadal-celebrates-960x499-1

Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на професионалната кариера призна дека тенисот не му недостигал премногу.

— реклама —

По повод десетгодишнината од својата академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше егзибиционен турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини.

— реклама —

Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на Ролан Гарос, по тој повод повторно го зеде рекетот в раце и навести дека би можел да се врати на теренот на егзибициони натпревари.

„Во одреден момент повторно ќе играм егзибициони натпревари, тоа го сакам. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи мора да го доведете телото во соодветна состојба. Мислам дека тоа е нешто што треба да го испробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, порача Надал, пренесува „Л’Екип“.

— реклама —

Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, барем кога станува збор за ревијални натпревари.

„Сè уште секојдневно чувствувам блага болка. Точно е и дека имав операција и морав да вградам мала протеза во шаката. Тоа не е пријатно, но морав да го направам. Но, точно е и дека силната болка што долго ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивен ефект врз мојата психичка состојба. Психички се чувствувам сè подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Rafael-Nadal-celebrates-960x499-1

Надал ги избра 10-те најголеми спортисти во историјата, Федерер не се најде на листата

Спорт | пред 4 месеци

— реклама —
Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Шок: Рафаел Надал објави крај на кариерата!

Вирално | пред 2 години

Нема фотографија

Најголемото тениско ривалство добива ново поглавје на Олимписките игри

Трендови | пред 2 години

nadal1

Надал во второто коло ќе игра против Ѓоковиќ

Трендови | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања