Воздухот вечерва повторно е екстремно загаден. Скопје вечерва е седми најзагаден град во светот. Граѓаните дишат отров.
Според страницата Air quality, во Скопје веќе четврти ден воздухот е екстремно загаден, а концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 22.6 пати над дозволената граница.
/screenshot-2021-12-25-191646" rel="attachment wp-att-155241">
Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, во Струмица се измерени 530 милиграми ПМ10 честички на еден кубен метар воздух. Но високи концентрации на ПМ10 честички има и во Кавадарци, Тетово, Битола, Велес.
