„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Надворешни советници на Заев: Пензионер советник за ЕУ, новинар и водител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
collage-777x437-696x391

Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објавува нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар. Во првите два дела објавивме дека соработници на Заев му се писателот Венко Андоновски и бизнисменот Александар Ружин, како и Филип Андов – Сокол и Стефани Арсовска. Денес објавуваме кои се советниците за ЕУ интеграции, медиуми и реформи во правосудството.

— реклама —

Поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно.  Калајџиев е вработен во регионалната телевизија ТВ ВИС од Струмица. Тој е водител на две емисии во кој воглавно се обработуваат теми од културата. Советникот за медиуми на премиерот за себе вели дека не е новинар, а неговата постојана работа не е во конфликт со функцијата во владата.Калајџиев се потпишал и на неколку народни музички нумери, а оваа година советникот на премиерот ќе биде и еден од водителите на Фолк Фест Валандово, заедно со Ирена Спировска.

Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја добивме од Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра. Советникот кој е еден од подобро платените не можевме да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл. Баравме некој труд, анализа или изјава поврзана со Европската Унија, но такво нешто не постои. Зафировски е пензионер и го најдовме во едно скопско кафуле, каде релаксирано си го пиеше утринско кафе со пријателите. Му го загорчија новинарите на ИРЛ кога му пристапија да го прашаат за неговиот ангажман во Кабинетот на премиерот.

— реклама —

На платниот список на Заев е и новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ. Тој е соработник за „Комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на правосудниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот систем (2017-2022)“.

Целиот текст прочитајте го овој линк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања