„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нафтениот гигант по кавгата Трамп-Зеленски: „Нема повеќе гориво за Американците! Слава на Украина!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Норвешката нафтена компанија Haltbakk Bunkers објави дека ќе престане да доставува гориво за американските воени сили во Норвешка и американските бродови кои пристигнуваат во норвешките пристаништа. Како причина за тоа го наведуваат незадоволството од американската политика кон Украина. Тие силно го критикуваа неодамнешниот судир меѓу американскиот и украинскиот претседател за време на состанокот во Белата куќа, нарекувајќи го „најголемиот срам што некогаш бил прикажан на телевизија во живо“.

— реклама —

Компанијата „Халтбак бункерс“ го пофали украинскиот претседател Зеленски за неговата воздржаност и рече дека им е „мало од спектаклот одржан во Белата куќа“.

- Решивме веднаш да го запреме снабдувањето со гориво на американските сили во Норвешка и нивните бродови кои се закотвуваат во норвешките пристаништа. Без гориво за Американците!, соопштуваат тие повикувајќи ги Норвежаните и Европејците да го следат нивниот пример. Сè заклучиле со слоганот „Слава на Украина“ за поддршка на таа земја, пренесува британски Експрес.

— реклама —

- Денеска бевме сведоци на најголемиот циркус што некогаш бил прикажан „во живо на телевизија“ од актуелниот американски претседател и неговиот потпретседател. Голема почит до претседателот на Украина што се воздржа и остана смирен, иако САД приредија телевизиска драма на предавство. Доста ни е. Кратко и јасно: решивме веднаш да престанеме да бидеме снабдувач со гориво за американските сили во Норвешка и нивните бродови што се закотвуваат во норвешките пристаништа. Нема гориво за Американците! Ги повикуваме сите Норвежани и Европејци да го следат нашиот пример. Слава на Украина!, соопштија од компанијата.

Сопственикот на фирмата, Гунар Гран, за норвешките медиуми изјави дека „нема да биде испорачан ниту еден литар гориво додека Доналд Трамп не биде сменет од функцијата“.

„Ние водиме приватна компанија со ограничена одговорност и ги избираме нашите клиенти“, рече тој, додавајќи дека тие исто така ги исклучувале Русите од почетокот на инвазијата на Украина.

- Ова им даде на многу од нашите конкуренти многу дополнителни приходи. Изгубивме многу приходи. Но, ние имаме морален компас. Сега САД се исклучени врз основа на нивното однесување кон Украинците, рече тој.

Haltbakk Bunkers е норвешки снабдувач со гориво кој снабдува гориво за бродови и воени операции. Тие се специјализирани за полнење гориво на бродови кои работат во норвешки води. Тие нудат логистика и дистрибуција на гориво за цивилни и воени корисници.

Компанијата игра значајна улога во норвешката поморска индустрија, снабдувајќи гориво за бродовите што пристигнуваат во норвешките пристаништа, вклучително и силите на НАТО.

Одлуката за прекин на испораките на американските сили може да има логистички импликации за американските поморски операции во регионот.

САД се уште не ја коментираа оваа одлука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања