Промени тема
Контакт

Најава за голема промена на времето: од понеделник ќе има чести врнежи и повремено засилен ветер

објавено пред 2 години -

Македонија
vrnezi-dozd-vreme

„Искористете го максимално ова убаво време кое ќе го имаме до крајот на оваа недела, поради тоа што веќе од понеделник ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон од запад и на серија на влажни воздушни бранови“, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:

„До крајот на ова недела наутро ќе биде постудено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак на многу места ќе се искачат до околу, или над 10 степени, додека во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 15-16 степени.

— реклама —
— реклама —

Во текот на следната недела, односно веќе од понеделник влегуваме во нов циклонален и влажен период со чести врнежи од дожд ширум регионот, па така и во Македонија. Врнежите повремено ќе бидат обилни и проследени со засилен јужен ветер. На планините ширум регионот, па така и во Македонија повремено ќе има обилни врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.

— реклама —

Како што веќе подолго време најавуваме, во последната декада од месец февруари би можеле да се соочиме со значителни количества на дожд и на снег, а снег би можело да има и во пониските предели (градовите) ширум регионот, па така и во Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања