Промени тема
Контакт

Најавена помош за сиромашните за да ја платат покачената струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20190523232029

„Во услови на глобална енергетска криза Владата, институциите предводени од СДСМ преземаат мерки за справување со истата како и за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството. Ширум светот расте цената на електричната енергија и природниот гас, како за домаќинствата така и за стопанството. Најизразено е поскапувањето на цената на струјата во Турција која за домаќинствата е поскапена за 50 отсто, додека за компаниите и до 125 отсто. Во Италија цената на струјата за домаќинствата е поскапена за 55 отсто, додека цената на природниот гас се зголемува за 41 отсто. Со навремена интервенција Владата предводена од СДСМ кај нас успеа да спречи енормен раст на цената на електричната енергија и поскапува за 9,48 отсто. Тоа се должи на навремено актвирање на сите расположливи капацитети за производство на струја од домашни извори. Обезбедени се доволни количества на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со двата блока, вели Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Во план е месецов да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. Со тоа, сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбеденни од домашно производство, без да има каков било увоз на струја во месец јануари. Владата предводена од СДСМ потпиша договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката. Меѓу нив е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД која ќе изгради 69 ветерници, но и соларниот парк Стипион во Штип. Само овие две инвестиции ќе обезбедат електрична енергија од над 800 мегават часови од обновливи извори, што ќе обезбеди сериозно зајакнување на енергетскиот капацитет на државата. Имајќи го предвид покачувањето на електричната енергија, Владата предводена од СДСМ обезбеди 60 милиони денари со кои ќе им се помогне на околу 7.500 семејства од ранливите категории, преку субвенционирање на сметките за електрична енергија. Сето ова се мерки кои ги преземеме за заштита на животниот стандард и унапредување на енергетскиот сектор. Владата и институциите ја следат состојбата во енергетскиот сектор и подготвени се да се справат со сите предизвици кои ќе следат во наредниот период“, додава Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања