Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Најческа со лекција до Заев за С. Македонија: Во личната кореспонденција може и само Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Слајдер
najcevska

Професорката Мирјана Најческа му се спротистави на премиерот Зоран Заев според кого понижувачки е да се употребува С. Македонија наместо Северна Македонија. Според Заев неупотребата на уставното име е понижување и за Уставот.

„Зошто да не може РС Македонија? Што има тука понижувачко и погрешно? Во официјалната кореспонденција на државните органи треба да стои Република Северна Македонија. Во неформалната може и Северна Македонија и РС Македонија. Во личната кореспонденција може и само Македонија. Не може само Република или само Северна или Република Северна бидејки ја нема основната определба Македонија. Исто како што во време на социјализмот беше Социјалистичка Република Македонија. Бесмислено би било да стои Социјалистичка Република. Така? Меѓутоа СР Македонија? Зошто да не?“, напиша Најчевска.

— реклама —

— реклама —
23062021_PVRSM_Zaev_Prv-Ekonomski-Forum-vo-Skopje_4

Заев бара да се вика „Северна Македонија“, а не „С. Македонија“ - било понижувачки

Премиерот Зоран Заев апелира да се користи уставното има на државата, Република Северна Македонија, по се почестата употреба на кратенката Република С. Македонија која во последно време се користи и од политичари. Тој денес, на промовирањето на првата дуална паралелка – фармацевтски техничар, одговарајќи на новинарско прашање рече дека ваквата употреба на името е противуставна.„Прво, нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С. Македонија. Тоа е понижување кон државата и Уставот на државата, секако и Преспанскиот договор кој прерасна во Закон со ратификацијата во Собранието, а кај нас тоа е преточено и во Устав. Јас можам да разберам дека некој не се согласува со вакцините процеси и слично, но сите се согласуваме со демократијата. Демократијата вели тоа е новиот Устав кој што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во НАТО и во ЕУ“, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 4 години

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања