Најчевска до Макрадули: Не не потценувај, загадуваат Цементара, Железара и стотина мали фабрики без филтри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mirjana-najcevska

Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил изреагира на изјавата на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој изјави дека вчерашните огнови се причина за големото загадување во градот.

— реклама —

— реклама —

„Ма не ме зезај.

Тоа што еднаш годишно ќе се запалат огнови на отворено за да се чествува стариот пагански обичај на поздрав на сонцето е доказ од каде доаѓа загадувањето.

Дај бре не не потценувај.

Не загадува Цементара ни Железара ни стотина мали фабрикчиња без филтри ни 1000 каменоломи ни Отворените градежни објекти ни отворените депонии кои горат ни запалените контејнери ни старите автобуси и камиони и автомобили ни електраните на јаглен ни градежната мафија која ги исече сите дрвја . Не. Бадниковите огни ти се научен доказ за изворот на загадување.

Дај бре гони се.

Навистина заслужуваме на чело на ова министерство да застане човек кој има појма од заштитата на животната средина и заслужуваме да почне да се користи науката во креирањето на политиките, а не кафанските муабети“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања