Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил ја искритикува Гордана Силјаноска која е кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ
"Ахахахаха, ќе пукнам. Била кактус. Ахахахахаха.
Кого боцнала Гордана - кактусот кога била секогаш покрај некој моќник на кој му се упикувала?
Дали се спротиставила отворено на било која неправда во општетсвото?
Дали жртвувала било што во име на правдата и правичноста и оној легалитетот кој толку милува да го спомнува.
Добро бре Горданче, за што си се борела и за што си се изборела до сега освен за себепромовирање и себепретставување?
За повеќе права на жените? За правата на малцинствата? За правата на мигрантите? За правата на стечајците и внатрешно раселените и обесправените и понижените?
Не си ти фикус драга моја. Ти си дифенбахија која е опасна по живот и покрај тоа што е толку посакувано собно цвеќе" стои во објавата на Фејсбук.