Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил реагираше на изјавата на Силјановска дека ќе го заштити уставното име и Македонија, и дека ќе стави клаузула да не се менува Уставот.
„Што може да значи клаузула за непроменливост на Уставот?
Може да значи дека Гордана мисли дека е Бог и дека еве сега го пишува новото Свето Писмо.
Може да значи дека Гордана го изјавила ова затоа што нема појма што е Устав, што е демократија и што е владеење на правото и нема појма дека тие не познаваат такво нешто како непроменливост бидејки можноста за менување е суштински елемент на развојот.
Може да значи дека добро знае што е Устав и демократија и владеење на правото и дека многу добро знае дека е надвор од паметот донесувањето ваква клаузула, меѓутоа мисли дека оние на кои им се обраќа се толку глупи што може да им продаде се.
Може да значи дека е спремна да каже се само да се довлечка до позиција на власт.
Значи, или одлепила или е глупа или лаже или мисли дека сите што ја слушаат и се спремни да гласаат за неа се глупи како точаци“, напиша Најчевска на Фејсбук.