ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Најчевска казнета со 200 евра за шарената револуција - вели ова е обид да бидам замолчена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mirjana-najcevska

Универзитетската професорка и активист за човекови права Мирјана Најчевска на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека ќе треба да плати 200 евра за фрлање боја на објекти во државна сопственост за време на Шарената револуција.

— реклама —

Најчевска вели дека добила две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека таа е одговорна за фрлањето боја.

Во својата објава Најчевска напиша:

— реклама —

„Ете денес ми стигнаа две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдува дека сум одговорна за фрлање боја на објекти на државата и ме задолжува да платам 200 евра.

Тоа онаа комисија која е под надлежност на теологот министер за внатрешни работи кој дојде на власт како резултат на Шарената револуција чиј дел бев и јас, а која што се состоеше токму во фрлање боја на институциите запоседнати од страна на режимот на Груевски со цел избегнување било кој облик на насилство).

Имам намера да го оспорам Решението пред Управен суд, да поведам постапка за дискриминација и да му плукнам на Заев и на неговиот потрчко-теолог кој го поставил за министер за внатрешни работи под прозор.

И ги повикувам моите другарчиња од Шарената револуција кои во моментов топлат фотељчиња во власта да преземат нешто со цел запирање на натамошната виктимизација на учесниците во Шарената револуција кои не ги сместија задниците во фотељите во власта.

ЈАС ОВА ГО РАЗБИРАМ КАКО ОБИД ДА БИДАМ ЗАМОЛЧЕНА, КАКО ОБИД ДА ЗАПРАМ СО КРИТИКА НА БИЛО КОЈ КОЈ СЕ НАОЃА НА ВЛАСТ И ОБИД ДА БИДЕ УНИШТЕН ГЛАСОТ НА ОНИЕ НЕЗАВИСНИТЕ КОИ НЕ ПРИПАЃААТ НА НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА.

ВЛАСТА КОЈА НЕ ТРПИ КРИТИКА Е МРТВА И НЕМА НИКАКВА ИДНИНА“, напиша Најчевска на ФБ.

https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10215075883145328

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања